Голманот на словенечката репрезентација и на Хановер, Урбан Лесјак, го продолжи договорот со бундеслигашот и за следната сезона.
Тимот на Вецлар го продолжи договорот за уште три години со голманот Тил Климке, а него друштво ќе му прави младиот босански интернационалец Анадин Сулјаковиќ, додека Тибор Иванишевиќ се сели во Гумерсбах.
Некогашниот член на Металург и репрезентативец на Црна Гора, Владан Липовина, нема да ја промени средината. Тој останува во Бундес лигата и ќе го носи дресот на Балинген во следните две сезони.
Чешката репрезентативка Маркета Јерабкова заминува од германскиот Турингер по само една сезона и потпиша договор на две години со норвешкиот првак Вајперс Кристијансанд, каде веќе игра Јана Кнедликова, нејзината колешка од националниот тим.
Хрватскиот репрезентативец и член на Целје, Јосип Шарац, кој беше на радарот на Вардар, сепак ќе игра во Бундес лигата од следната сезона во тимот на Гепинген.
Десното крило на Металопластика од Шабац и на српската репрезентација, Вукашин Воркапиќ од следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик и ќе настапува за францускиот Иври.