Откако португалскиот првак Порто остана без Алфредо Кинтана, кој по срцевиот удар не ја доби најважната животна битка, почна потрагата за негова замена.
Се чини дека замената е пронајдена во Веспрем, пишува португалскиот „Рекорд“. Унгарскиот репрезентативец Мартон Шекељ би требало да се пресели во Порто и да формира дуо со Никола Митревски.
Шекељ не добива многу шанса покрај одличните Владимир Цупара и Родриго Коралес, па трансферот во Порто сигурно е добра прилика да покаже колку може.
Унгарскиот чувар на мрежата има 31 година, пред Веспрем беше член на ПЛЕР, Татабања, Балатофуреди и Чурго, а траснферот во Порто би бил прв за него во странство.