Ракометарите на ППД Загреб остварија сигурна победа на гостувањето во Шабац кај Металопластика во натпревар од СЕХА лигата со 35:30.
Избраниците на Ивица Обрван силно го почнаа натпреварот и клучната разлика ја направија во почетните минути. Веќе во 13. минута гостите имаа добро водство од 10:5. Металопластика немаше решение за играта на противникот и сè повеќе заостануваше.
Во 22. минута Загреб го имаше највисокото водство од 14:7, но, сепак, до полувремето домашните намалија на пет гола како што беше и во најголемиот дел од првиот дел. После 30 минути игра беше 18:13 за гостите.
Второто полувреме не донесе многу промени на теренот. Загреб без многу проблеми го контролираше резултатот и сигурно го водеше натпреварот кон победа. Металопластина најмногу што успеа беше да се доближи на четири гола, но немаше сили да избегне пораз.
Најефикасни во составот на Загреб беа Хрстиќ и Буриќ со по шест погодоци, а пет гола постигна Матановиќ. За екипата на Металопластика, најмногу се истакна Брајовиќ со седум гола, додека по четири постигнаа Иваниќ и Бабиќ.
СЕХА ЛИГА – ГРУПА А
ТАБЕЛА