Екипата на Алборг продолжува со силните трансфери за сезоната 2022/23. Раководството на клубот е одлучено да го собере скандинавскиот крем и да биде еден од главните фаворити за освојување на Лигата на шампионите.
По репрезентативецот на Норвешка и ракометар на Вецлар, Кристијан Бјорсен, данскиот тим би требало да биде посилен со уште двајца ракометари. Според данските медиуми, репрезентативецот на Исланд, Арон Палмарсон, по четири сезони поминати во Барселона се одлучил за силен предизвик во неговата кариера.
Со Микел Хансен во Алборг, би требало да пристигне и еден од најдобрите голмани на светот и член на актуелниот европски шампион, Никлас Ландин.
За сезоната 2022/23 веќе е договорен Микел Хансен од ПСЖ, а пред финализирање на договорот се и уште двајца Данци, Мадс Менса Ларсен (Флензбург), и Емил Нилсен (Нант). Тука се и Швеѓаните Мак Дарј (Бергишер) и Јеспер Нилсен (Рајн Некар Левен).