Минатата недела норвешката ракометна федерација се откажа од организацијата на квалификацискиот турнир за Олимписките игри, но ИХФ веднаш реагираше и го активира планот Б.
Од 12 до 14 март, четири селекции – Норвешка, Бразил, Чиле и Јужна Кореја, ќе играат квалификации за ОИ во Подгорица.
Поради строгите ковид правила во Норвешка, турнирот не беше возможно да се организира таму, па сега четирите селекции ќе играат на неутрален терен, кој во случајов не носи предност бидејќи се игра без публика.
Покрај во машка конкуренција, Црна Гора ќе организира и квалификациски турнир во женска конкуренција, а визата за Олимпијада ќе ја бара преку натпреварите со Норвешка и Романија.