Микел Хансен во летото 2022 година ќе го напушти ПСЖ и ќе се врати во својата татковина во екипата на Алборг. Тој ќе стане убедливо најплатениот играч во првенството на Данска, а договорот со Алборг е на три години.
Една од главните причини за враќањето на Хансен во Данска е локален милијардер, но има уште неколку фактори, пишува ТВ2. Алборг нема му плаќа на ПСЖ обештетување за ракометарот, подобрување на комерцијалниот аспект и маркетингот на клубот и можноста за голем успех на клубот во иднина.
Договорот на Хансен со ПСЖ истекува во 2022 година, па така како слободен играч ќе премине во Алборг. Тој е повеќе од десет години надвор од својата земја и враќањето дома сигурно добро ќе му дојде. Овој трансфер сигурно ќе се одрази и на финансиите на клубот, а се очекува и поголема заинтересираност за натпреварите на екипата.
Во милијардерот Ејгил Кристенсен, Алборг има сигурен извор на финансии кој според данските стручњаци има доста длабок џеб. Иако Хансен ќе добива плата во милионски износ, сепак оваа зделка се очекува на клубот да му донесе многу поволности.
Данците го споредуваат Хансен со Меси и Мајкл Џордан во своите спортови и сметаат дека неговата плата е заслужена, сепак од клубот не ја кажаа сумата за која Хансен ќе игра за нив. Повеќе од јасно е дека најдобриот играч ќе ја заслужи платата која ќе ја прима.