Како се игра ракомет на снег на -13 степени (ФОТО)

Во Баја Маре се играше ракомет на снег, а слоганот на големиот предизвик од страна на организаторот беше „Ракометот може да се игра насекаде“.

Ракометните натпревари беа организирани на плажата во Баја Маре, а интересот беше на сосема солидно ниво. Сите играчи покажаа дека ракометот освен на терен и песок, може да се игра и на снег.

Вакви настани во Романија беа организирани и минатата недела каде имаше и ракометен турнир со неколку екипи од Романија и Украина.

Погледнете ги фотографиите како се игра ракомет на -13 степени…