Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од Лигата на шампионите, Лигата на Европа и ЕХФ Купот.
Македонските официјални лица ќе бидат активни во сите конкуренции. На дуелот меѓу Загреб и Барселона, ќе судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а делегат ќе биде Марјан Начевски. Тој дуел се игра вечерва од 20:45 часот.
Во женска конкуренција, на дуелот меѓу Ростов Дон и ФТЦ од Унгарија, правдата ќе ја дели судиската двојка од Македонија, Силвана Карбеска и Марија Илиева. Овој натпревар е на програмата на 13 февруари од 16:00 часот.
Во машкиот ЕХФ Куп, реваншот меѓу Борац Бања Лука и Горење Велење, ќе го судат Даниело Божиновски и Виктор Начевски, а тој интересен двобој се игра на 20 февруари.
Во женската Лига на Европа, на дуелот меѓу Звезда Звенигород и данскиот Икаст во Русија, правдата ќе ја делат Исмаил Металари и Ненад Николовски. Вој дуел е на програмата на 14 февруари од 12:00 часот.