Поминаа 14 години од смртта на романскиот ракометар, Мариан Козма. Таа кобна вечер, 8 февруари 2009 година, тој и неколку соиграчи беа избодени во ноќен клуб во Унгарија, но Козма им подлегна на повредите.
Славејќи го роденденот на еден од соиграчите во унгарскиот гигант, Козма кој имаше само 26 години и неговите соиграчи Иван Пешиќ и Жарко Шешум, биле провоцирани од група Роми.
Во тепачката што се случи, Козма беше избоден во пределот на срцето, а голманот Пешиќ, кој тогаш имаше само 19 години и бекот Шешум, се обидоа да му помогнат, но и тие поминаа со тешки повреди.
Пешиќ мораше да остане без еден бубрег, додека Шешум имаше повреди во пределот на очите и тешко закрепна по овој немил настан. Двајца од напаѓачите најпрво беа осудени на доживотен затвор, додека третиот доби затворска казна од 20 години. Подоцна казните им беа намалени на првите двајца на 18 години затвор.
Екипата на Веспрем не го заборава својот ракометар и ќе одбележи 14 години од неговата прерана смрт, а подигна статуа во негова чест пред својата сала.
Убиецот на Мариан Козма излезе од затвор, но сега е обвинет за посредување при проституција!