По поразот во пријателскиот натпревар од Еурофарм Пелистер, тимот на Охрид загуби и вторпат во Битола, овојпат од Еурофарм Пелистер 2 со 22-21.
На полувреме момците на Раде Стојановиќ водеа со два гола разлика, 8-10, но во продолжение младите битолчани се вратија во игра.
Во вториот дел најчесто се играше гол за гол, а финишот беше драматичен. Стефан Талевски погоди за водство на битолчани со 22-21, а гостите не го реализираа обидот за реми.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше токму Стефан Талевески со шест погодоци, а Босанецот Павле Петровиќ даде четири.
Кај Охрид се истакнаа голманите Брауновиќ и Даниловски кои собраа 17 интервенции, а најдобар стрелец беше Бобан Блажески со пет гола.