„Хрватскиот Хансен“ доаѓа во Вардар

Хрватскиот интернационалец Анте Кудуз, од следното лето ќе биде ракометар на македонскиот шампион Вардар.

25-годишниот лев бек на романскиот првак Динамо Букурешт, доаѓа во Скопје на најпроблематичната позиција во „црвено-црниот“ тим.

Начелен договор е постигнат од двете страни останува уште да се „испеглаат“ понудените услови и деталите во договорот,со кои овој трансфер ќе се официјализира. Кудуз беше прогласен за најдобар играч во романскиот шампионат во сезоната 2019/2020 година, со Динамо оваа сезона игра во Лигата на Европа.

Претходно Кудуз, кој во татковината го нарекуваат „Хрватскиот Хансен“, играше за матичниот Осијек, Вараждин, францускиот Дижон и швајцарскиот Фади Винтертур.

Покрај Хрватот, во Вардар доаѓа и десното крило Дарко Ѓукиќ, додека од оваа полусезона член на „црвено-црниот“ тим ќе биде левиот бек Васко Шеваљевиќ.