Мојсов: Со овој триумф ќе ја вратиме довербата во нас

Ракометарите на Еурофарм Пелистер победија со 33-26 против словенечкиот Тримо Требње и му се одмаздија за поразот минатата недела.

Помошникот на тренерот Жељко Бабиќ, Божидар Мојсов, вели дека оваа победа била повеќе од потребна за да ја вратат довербата од сите.

„Честитки за борбената игра на Тримо. Се боревме сами со себе, оваа победа дојде како шлаг на тората, навистина ни беше потребна ваква победа за да ја вратиме довербата во нас на сите луѓе околу нас. Сакам да им честитрам на сите наши играчи кои одиграа перфектно, борбено и мотивирано. Ова е подарок од нас за роденденот на спонзорот Еурофарм“, изјави помошникот на Бабиќ, Божидар Мојсов.

До крајот на годинава, битолчани можеби ќе го одиграат заостанатиот натпревар од Лигата на Европа против унгарската Татабања.

Еурофарм Пелистер со сефте во Лигата на Европа, го надигра и го совлада Тримо Требње (ФОТО)

„Топот“ на Хрватот функционира – Мандалиниќ го наполни голот на Тримо (ВИДЕО)

Атракција во Битола – Радовиќ и Периќ со цепелин го „поздравија“ Тримо (ВИДЕО)

Мараш: Со ваква игра може да им парираме на сите!

Граџан не е само добар пикер – може и како крило (ВИДЕО)

Словенците признаа: Немавме никакви шанси да победиме во Битола

Победничка вечер во Битола и слатка одмазда на Еурофарм Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)