Мараш: Со ваква игра може да им парираме на сите!

Еурофарм Пелистер славеше со 33-26 против Тримо Требње и му се одмазди на словенечкиот тим за поразот пред една недела.

Десниот бек Матео Мараш вели дека дисциплината во нападот и одбраната, како и тоа што го запреа најсилното оружје на гостите, резултираше со убедлива победа.

„Мислам дека покажавме по поразот во Словенија дека можеме да играме со сите. Направивме добра предност уште по првиот дел и потоа само ја одржувавме. Го запревме нивното оружје, брзата игра и контра. Бевме дисциплирани сите до еден, како во одбрана, така и во напад од почеток до крај. Со ваква игра мислам дека може да им парираме на сите“, вели Мараш.

На битолчани им остана уште средбата со унгарската Татабања од оние планираните за годинава, но таа се уште нема точен термин кога ќе се одигра.

Еурофарм Пелистер со сефте во Лигата на Европа, го надигра и го совлада Тримо Требње (ФОТО)

„Топот“ на Хрватот функционира – Мандалиниќ го наполни голот на Тримо (ВИДЕО)

Мојсов: Со овој триумф ќе ја вратиме довербата во нас

Атракција во Битола – Радовиќ и Периќ со цепелин го „поздравија“ Тримо (ВИДЕО)

Граџан не е само добар пикер – може и како крило (ВИДЕО)

Словенците признаа: Немавме никакви шанси да победиме во Битола

Победничка вечер во Битола и слатка одмазда на Еурофарм Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)