Еден момент и од Кометал ЃП и од женска репрезентација во кој е потенцирана Анжела Платон, заедно со Валентина Радуловиќ, е дека кренаа глас против тогашниот тренер и селектор Љубомир Савевски – Цевак и ја иницираа неговата смена.
Тие двете веднаш организираа прес-конференција на која ги соопштија сите детали. Потоа од Кометал ЃП преминаа во кавадаречката екипа Кабран Амбалажа.
„Цевак дојде во 2007 година за СП во Франција, исто тогаш го превзема и Кометал, а ние со Вале бевме повозрасни играчи од кои тој бараше поддршка за да „опстане“. Не дека ние имавме некое големо влијание на младите, но тогаш уште постоеше некое почитување и некоја хиерархија. Едноставно ние му ја дадовме потребната помош и поддршка, а потоа кога се зацврсти и кога требаше да имаме некоја нормална соработка, тој стана арогантен. Постои разлика во работата меѓу мажи и жени. Било кој машки тренер да го прашате ќе ви каже дека не сака или дека е многу тешко да се работи, со жена треба да имаш осет и пристап, да бидеш психолог, тој момент е многу тежок. Тогаш имав веќе 34 години ги имав загубено двајцата родители. Конфликтот се случи на тренинг. Убаво се сеќавам дека и дадов некој совет на Бајрамовска за во напад и тој изреагира, која сум јас да и кажувам. Го прашав зошто да молчам и на таквото мое прашање одговори со пцовка, ја спомна мајка ми, болен момент. Јас на тоа јас му вратив со тивка пцовка, за која бев избркана од тренинг. Следниот ден со Радуловиќ имаше конфликт, повторно навреди. Бевме повикани од управата на клубот на разговор, во рок од неколку часа свикавме прес-конференција, ги објаснивме нашите причини и со тоа се заврши работата.“
Подолу прочитајте го целосното интервју со Анжела Платон…
ИНТЕРВЈУ АНЖЕЛА ПЛАТОН: Ѕвездите не прават тим, затоа ЖРК Вардар не го достигна успехот на Кометал