Како и голем дел на други ракометарки на Кометал Ѓорче Петров и Анжела Платон добива понуда да стане македонска репрезентативка. Таа прифаќа, од една страна затоа што е разочарана од односот на Молдавскатата федерација, а од друга затоа што гледа реална перспектива дека со Македонија може да заигра и на Олимпијада.
„Во јануари 1998 година добив македонско државјанство. Понудата ја прифатив затоа што од една страна бев разочарана од односот на Молдавската федерација. Кога се повредив и кога ми беше најтешко, никој не ме побара, не се понуди за помош или само да праша како сум, но затоа кога одиш како играч во странство беа тука да си наплатат обештетување за тоа колку години сум играла за репрезентација. Од друга страна кога добив понуда од Македонија, мислев дека со овој тим што го имавме, бидејќи повеќето од нас игравме и во Кометал, дека може нешто да направиме. Сон на секоја од нас беше да одиме на Олимпијада. Имавме и шанса, многу малку ни недостасуваше на ЕП во Романија, но еден натпревар реши сè. Навистина ми е жал, затоа што функциониравме како клуб-репрезентација. Но, да биде јасно иако женскиот ракомет секогаш беше пред машкиот, ние бевме помалку платени и со оглед на тоа дека сите игравме во Кометал ни беше кажано дека поради тоа немавме право да бараме повеќе“, се потсетува Платон.
Комплетното интервју со Анжела Платон прочитајте го во продолжение…
ИНТЕРВЈУ АНЖЕЛА ПЛАТОН: Ѕвездите не прават тим, затоа ЖРК Вардар не го достигна успехот на Кометал