Европската ракометна федерација ги делегираше судиите за шестото коло од Лигата на Европа што ќе се игра на 8 декември.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Тримо Требње им е доверен на босанските арбитри Амар и Дино Коничањин.
Делегат на натпреварот што ќе се одигра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 20:45 часот ќе биде Ацо Николовски.
Битолчани досега забележаа три порази – од ГОГ Гудме, Рајн Некар Левен и Тримо Требње, а ремизираа со Кадетен Шафхаузен.