Краљевски: Секоја грешка на вакви средби скапо се плаќа, нашата одбрана мора да биде агресивна!

Тимот на Куманово остана единствен женски македонски претставник во европските купови. Кумановки отпатуваа за Украина, каде што ќе ги одиграат двете средби од третото коло во ЕХФ Купот поротив шампионот Галичанка во Лвов.

Тренерот на македонскиот тим, Ненад Краљевски, вели дека нема да биде преголем проблем што двете средби се играат на гости.

„Сигурно дека долгото патување ќе влијае на физичката состојба на ракометарките, но ќе бидеме еден пред првиот дуел во Лвов и ќе имаме повеќе од 24 часа за адаптација. Тешко е да се задржи спортската форма во вакви ковид услови кога е ракометот во прашање. Се обидовме во претходните две недели со ударни микроциклуси да го подигнеме нивото на психофизичкаата подготвеност на ракометарките и нивото на техничко-тактичката игра кога се во прашање средбите со Галичанка“, вели Краљевски за 24Ракомет.

Украинскиот првак е доволно анализиран и тренерот на Куманово, верува дека неговите избранички, иако два пати ќе играат на гостински терен, да излезат како победници во двомечот.

„Тие имаат одреден квалитет, но ние веруваме во нашата работа и сигурен сум дека девојките ќе дадат се од себе да го оствариме посакуваниот резултат. Клучот ќе биде во одбраната која мора да биде дисциплнирана и агресивна, како по длабочина, така и по ширина, бројот на технички грешки треба да го сведеме на минимум. На вакви два меча кои се играат во три дена, секоја грешка скапо се плаќа. Нашата е предност е поширокиот избор на квалитетни ракометарки кои можат да одговорат на задачата“, завршува Краљевски.

Првиот дуел меѓу Галичанка и Куманово се игра утревечер од 18:00 часот, додека реваншот е в недела од 11:00 часот.

И кумановки на пат со автобус, ги чекаат 1400 километри до Украина

„Македонските екипи се борат до крај, сакаат да провоцираат, но знаат да играат ракомет“