И кумановки на пат со автобус, ги чекаат 1400 километри до Украина

Ракометарките на Куманово денеска заминаа за Украина каде што до крајот на оваа седмица ги очекуваат две средби од Европскиот куп. Тие заминаа на пат со автобус, а ги очекува патување од 1400 километри.

Екипата на Куманово одлучи двата натпреари да ги одигра во Лвов каде што ќе биде гостин на тимот на Галичанка.

Кумановки заминаа комплетни така што ќе имаат голем предизвик. Првиот натпревар ќе го имаат в петок од 18 часот, додека реваншот е в недела од 11 часот.

Се очекува од средбите да има пренос така што ќе може да се следат двата дуели на кои, сепак, Галичанка влегува како фаворит за пласман во следната рунда од Европскиот куп.

Ова е пресметка од 3. рунда после која ќе останат само 16 екипи кои ќе го продолжат натпреварувањето.