Ракометарите на Еурофарм Пелистер по поразот од Ла Риоха во Лигата на Европа, им се враќаат на домашните обврски.
Во првиот меч од 5 коло во Супер машката лига, пелистерци гостуваат кај Бутел Скопје и ќе бараат рехабилитација за киксот во Европа.
Мечот се игра денеска од 14:00 часот во салата „Антон Димитров“ во населбата Бутел.
Во центарот на вниманието ќе биде и настапот на Вардар во ЕХФ Европскиот Куп. По четири сезони пауза вардарки се враќаат на европска сцена и во второто коло ќе се соочат со италијанскиот Бриксен.
Во договор на двата клуба беше одлучено двете средби да се одиграат на теренот на италијанскиот состав. Денеска од 19:00 е првиот дуел, а утре од 18:00 часот се игра вториот натпревар.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 БРИКСЕН – ВАРДАР (ЕХФ КУП)

























