Средниот бек Себастијан Скубе реши да го одработи договорот со данскиот Силкеборг до крајот на сезона.
Тој имаше понуда од францускиот ПСЖ да биде замена за повредениот Никола Карабатиќ, но словенечкиот играч ја одби.
Како што пренесува данската ТВ 2, откако Скубе се консултирал со семејството решиле дека не им е потребен таков чекор во корона време и дека сакаат да останат во Данска.
Раул претходно се интересираше за уште еден Словенец, Деан Бомбач, но тој не би можел да игра за ПСЖ во Лигата на шампионите, како и за средниот бек на Тулуз, Лук Стеинс, кој исто така има договор до крајот на 2022 година.