Македонската Суперлига, која беше прекината викендот пред стартот на ЕХФ неделата, по петнаесетина дена пауза продолжува утре.
Повеќе од екипите веќе се во тренажен процес, а дел од нив се уште имаат ракометари што се во изолација, која ќе трае до 20 ноември.
По комплетирањето на одложените средби од двете групи од првиот круг, ќе бидат познати и термините за вториот круг од регуларниот дел.
Во групата А има уште седум неодиграни средби, додека во групата Б уште четири средби, кои треба да бидат комплетирани до 22 ноември.
Заостанати натпревари:
КЛ7 – Пролет, 13/11, петок, 18:00 часот
Металург – Работнички, 13/11, петок, 18:00 часот
Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп, 14/11, сабота, 15:30 часот
Радовиш – Јуниор КВ, сабота, 14/11, 20:00 часот
Бутел – Металург, 15/11, недела, 18:00 часот
Охрид – Астраион, 15/11, недела, 18:30 часот
Пролет – Охрид, 16-17/11, понеделник/вторник
Радовиш – Пролет, 18-19/11, среда/четврток
Астраион – КЛ7, 18-19/11, среда/четврток
Пролет – Струга, 20-21/11, петок/сабота
Младост – Металург, 20-21/11, петок/сабота