Судиската двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, добија уште едно признание.
По финалето што го судеа на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, тие ќе бидат дел и од Светското првенство во Египет на почетокот на следната година.
Нашата репрезентација веројатно нема да игра на Мундијалот, но Македонија ќе има Начевски и Николов.
Светското првенство започнува на 13 јануари, а ќе се игра до 31 јануари во четири града во Египет.