Бразилскиот среден бек, кој може да ја покрие и левата бековска позиција, Леонардо Дутра Фереира, замина од шпанската Куенка и се пресели во ривалот на Металург во Лигата на Европа.
Станува збор за полскиот вицепрвак Висла Плоцк, кој пред неколку недели го донесе десниот бек од Веспрем – Зоран Илиќ, а денеска го потврди и трансферот на Дутра Фереира, кој ќе го има првиот посериозен предизвик во кариерата.
23-годишниот бек беше понуден на Вардар на почетокот на пролетната полусезона во периодот кога заминаа Атман и Кристопанс, но тој трансфер не се реализираше.
Висла Плоцк е противник на Металург во групната фаза од Лигата на Европа и требаше да гостува во Скопје на 27 октомври, но тој дуел беше одложен поради коронавирусот.