Ракометарите на Барселона и Веспрем се дел од четирите екипи кои имаат одиграно три натпревари и на истите имаат забележано победа. Ова се две од четирите состави кои треба да играат на Ф4 турнирот за да се одлучи ланската сезона во Лигата на шампионите, а играчите од овие два тима досега покажаа најмногу.
Кил после киксот во минатото коло дома против Нант, успеа да избегне нов кикс иако лошо стартуваше против тимот на Целје . Веќе има две победи од три натпревари, па не е во големо заостанување зад Барселона и Веспрем.
Најлошо засега му оди на тимот на ПСЖ кој нема бодови. Има еден заостанат натпревар против Пик Сегед, но на дуелите против Флензбург (дома) и Мешков Брест (гости) забележа минимални порази што никако не им се допаѓа во клубот.
Инаку, сè уште актуелниот шампион, Вардар има само еден одигран натпревар и тоа против Мешков Брест на гостувањето на стартот, а за следниот дуел ќе почека дури до средината на овој месец кога ќе треба да се одмерат силите со тимот од Германија, Флензбург, кој нема пораз.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО
ГРУПА А
МЕШКОВ БРЕСТ – ПСЖ 32:31
ФЛЕНЗБУРГ – ПОРТО 36:29
ЕЛВЕРУМ – КЕЛЦЕ 22:31
ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР
ПИК СЕГЕД – ВАРДАР
ГРУПА Б
МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – ВЕСПРЕМ 34:37
ППД ЗАГРЕБ – АЛБОРГ 26:27
ЦЕЛЈЕ – КИЛ 24:35
НАНТ – БАРСЕЛОНА 27:35