Изненадување во Белорусија, Мешков Брест го запре ПСЖ

Раул Гонзалес годинава има силен тим, но работите не одат како што посакува, а тоа се виде најдобро на гостувањето во Белорусија кај тимот на Мешков Брест на кој неговиот ПСЖ претрпе минимален пораз.

Составот на ПСЖ беше далеку од потребното ниво во првите 30 минути кога Мешков Брест доминираше. Со Микел Хансен кој на теренот делуваше како да е на прошетка и речиси и да не играше одбрана, ПСЖ и не можеше да се надева на подобар резултат.

Повеќето од голвоите паднаа на страната на Хансен, кој не успеваше да одбрани многупати и лесно се правеше предност која на крајот на првото полувреме изнесуваше пет гола, а резултатот беше 19:14 во корист на домашните.

Во продолжение од средбата, ПСЖ успеа да се врати. Намали до еден гол разлика, нод домашните успеваа одново да стигнат до повисока предност. И покрај тоа што имаа контрола на резултатот, сепак, победата висеше до финишот. Сепак, во последните моменти од средбата се влезе со 32:30, па голот на ПСЖ не беше доволен за нешто повеќе.

Мешков Брест му нанесе тежок удар на фаворизираниот ПСЖ, па јасно се гледа дека момците на Раул Гонзалес годинава не се на нивото кое е потребно.

Никита Вајлупов со седум, Марко Паниќ со шест и Дмитри Санталов со пет гола беа најефикасните на теренот во победничкиот состав, додека Иван Пешиќ имаше десет одбрани од кои повеќето беа во првото полувреме. Во ПСЖ, Жерард забележа 14 одбрани во вториот дел од средбата, а Даинис Кристопанс беше прв стрелец со седум гола.