Дабевска се израдува на прв пехар со Дунајварош

Македонската репрезентативка Сања Дабевска и нејзиниот Дунајварош го освоија сребрениот медал на турнирот што го организираа викендов.

Во полуфиналето, Дунајварош славеше над Бекешчаба со 28-26, а во финалниот натпревар за ривал го имаа составот на МТК Будимпешта.

По тешкиот меч во полуфиналето, Дабевска и нејзините колешки немаа сили за уште еден триумф, па загубија со 28-34.

За Дабевска настапот во Унгарија е втор интернационален предизвик, откако лани играше за грчкиот Јонијас.