Откако тимовите на Ростов Дон и ЦСКА Москва славеа убедливи победи во полуфиналните натпревари од Купот на Русија, двете екипи одиграа интересно финале.
Во најголем дел од мечот се играше израмнето, а по 23-23 во 48. минута, клучната разлика на теренот ја направи Ана Вјахирева.
Руската репрезентативка беше нерешлива загатка за одбраната на ЦСКА Москва и му донесе трофеј на Ростов по победата со 29-26.
Вјахирева даде 14 погодоци за победничката екипа, а пет постигна Манагарова. Кај ЦСКА Москва, Михајличенко даде десет голови, додека Ристовска беше стрелец на еден погодок.
Ристовска и ЦСКА Москва ќе се борат за трофејот во Купот на Русија