Ристовска и ЦСКА Москва ќе се борат за трофејот во Купот на Русија

Тимот на ЦСКА Москва, каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, славеше убедлива победа над Астраханочка во полуфиналето на рускиот Куп.

ЦСКА Москва која е домаќин на завршниот турнир во салата „Игровој“, триумфираше со 23-30.

На десно крило поголема минутажа доби Марина Судакова, додека Ристовска играше петнаесетина минути и не погоди во единствениот обид кон противничкиот гол.

Противник на ЦСКА Москва во финалето ќе биде составот на Ростов Дон, кој во полуфиналето го победи Кубан со 37-25.