„До мечот со Вардар, се ќе си дојде на свое место“

Хрватскиот вицепрвак Нексе ја заврши мини турнејата во Словенија, каде што одигра два пријателски натпревари. Избраниците на Хрвоје Хорват најпрво славеа над Марибор со убедливи 27-17, а вчера загубија од шампионот Целје со 32-28.

На дуелот со Целје, Хорват не можеше да смета на Јанко Кевиќ и Томи Возаб, но се очекува тие да се вратат на теренот пред средбата со Вардар. Претходно против Марибор, најдобри стрелци беа Саша Баришиќ Јаман со пет и Живан Пешиќ со четири погодоци.

„Во три дена одигравме три натпревари со силни ривали. Мислам дека игравме добра одбрана, но мора уште да работиме и се надевам дека до натпреварот со Вардар се ќе си дојде на свое место“, истакна левото крило Марин Јелиниќ.

Пред реванш дуелот со Вардар, Нексе ќе одигра уште еден меч со Загреб, а ќе се тестира и со унгарските Чурго и ПИК Сегед