За разлика од машките тимови, женските клубови од Македонија во следната сезона веќе нема да имаат можност да имаат загарантирано место во Лигата на шампионите, а голема е веројатноста да се нема ниту можност преку валјд карта.
Падот од цели осум места од 7. позиција која се имаше за последната сезона е причина за да се најде на дури 15. место, а тоа значи и две места во Лигата на Европа и две во Европски куп.
Ова практично значи дека Македонија се враќа во Челенџ купот (по ново Европски куп) така што во следната 2021/22 сигурно ќе има поголем интерес и кај женските клубови за пријавување бидејќи сезонава само Куманово и Чаир се решија да играат.
Минатата година Македонија беше на 7. место кое носеше едно загарантирано место во Лигата на шампионите (тоа е за шампионот, а Металург кој беше првак лани реши да не се пријави за играње), а имаше и три места во новоформираниот куп Лига на Европа.
Тука веќе не се пресметуваат резултатите кои ги имаше женскиот тим на Вардар, па ова доведе и до ваков пад така што женскиот клупски ракомет оди во надолна линија кога е во прашање рангирањето во Европа.