Кружниот напаѓач Викторија Жилинскаите, која досега играше заедно со Сара Ристовска во ЦСКА Москва, од следната сезона се враќа во поранешниот клуб Кубан Краснодар.
Романската Решица, со која потпиша поранешниот член на Пелистер и Прилеп – Темо Орјонокидзе, ги донесе пикерот на Железничар Ниш – Владимир Јевтиќ и десниот бек на Нови Пазар, Алекса Милошевиќ.
Шпанската Бидасоа, која во минатата сезона беше дел од Лигата на шампионите во групата на Еурофарм Пелистер, го продолжи договорот со младото лево крило Микел Сабала до 2023 година.
Украинскиот шампион Мотор Запорожје го врати во своите редови позајмениот лев бек, Дмитри Горига. Тој играше досега за полскиот Погон и на 24 меча даде 95 погодоци.
Португалската Бенфика реши да крати на трошоци за следната сезона, па нема да смета на искусниот десен бек Кевин Њокас, иако Французинот имаше уште една година договор.
34-годишниот лев бек од Србија со португалски пасош, Бошко Бјелановиќ, по кратка пауза и настапите за Спортинг Лисабон му се враќа на ракометот и ќе игра во германскиот нисколигаш Хемер.