Шампионот на Германија, екипата на Кил размислува на долг рок и во своите редови донесе талент од младинската лига. Новиот играч во бундеслигашот е Лука Мастрокола кој доаѓа во Кил од младинскиот тим на Констанц.
Мастрокола е 18-годишен ракометар кој со своите изданија го привлече вниманието на германскиот гигант. Тој настапува не десната бековска позиција и во иднина се очекува да биде еден од клучните играчи во Кил.
Според германските медиуми Кил бил заинтересиран и испратил понуда за младиот талент уште пред една година, но сепак трансфрот ќе се реализира летово.
Освен Кил, за Мастрокола заинтересиранот покажале уште две екипи од Бундес лигата, Штутгарт и Балинген.