По две сезони во Бундес лигата во дресот на Турингер, македонската репрезентативка Јована Саздовска ќе има нов предизвик во кариерата.
Левото крило потпиша за тимот на Дунареа Браила, а тоа ќе биде враќање за Саздовска во романскиот шампионат.
Таа потекнува од Металург, потоа играше една сезона во романската Магура, пред да се врати во Македонија и да го облече дресот на Вардар.
Покрај Саздовска, романскиот претставник во Лигата на Европа, се засили уште со четири ракометарки.
Голманката Љубица Ненезиќ доаѓа од Глорија Бистрица, средниот бек Мадалина Замфиреску од Валчеа, десниот бек Сања Премовиќ од Хувента и левиот бек од Белаз, Марија Коновал.