Левиот бек на Лада Тољати, Елена Михаиличенко, е најновото засилување за тимот на ЦСКА Москва, каде што настапува и македонската репрезентативка Сара Ристовска.
Станува збор за 18-годишна ракометарка, која стана најдобар стрелец оваа сезона во ЕХФ Купот со 67 голови во групната фаза.
Таа стана МВП на кадетското СП во 2018 година, а лани беше прогласена за МВП и на младинското ЕП.
Дебитираше и за сениорската репрезентација на Светското првенство во Јапонија и даде 14 погодоци.
Претходно ЦСКА Москва ги ангажираше двете ракометарки на Ростов Дон, голманката Ана Седојкина и десното крило Марина Судакова, а дојде и Анастасија Иларионова од Звезда.