Тимот на Еурофарм Пелистер тргна во офанзива кога се работи за трансфер маркетот. Битолчани се распрашувале за услугите на хрватскиот лев бек Стипе Мандалиниќ, кој спогодбено го раскина договорот со германскиот Фуксе Берлин. Заинтересираност постои, но на масата на Мандалиниќ има неколку понуди. Според нашите информации има добри шанси Хрватот да дојде во Битола.
Битолчани во меѓувреме останаа без услугите на Владислав Остроушко, кој беше еден од главните стрелци во тимот, па сега им треба бек шутер, што ќе биде главна опасност за противничките голмани. Стипе Мандалиниќ како најдобар стрелец во Лигата на шампионите пред три години се пресели од Загреб во Бундес лигата и имаше сосема солина прва сезона. Но повредите, тактиките на тренерот не му дозволија во последно време да го прикаже целиот квалитет.
Тој веќе има понуди да остане во Бундес лигата, но таму не е јасна финансиската конструкција на многу клубови. Левиот бек ги кажал своите услови, сега на ред е битолчани да утврдат дали може да ги задоволат неговите барања.
Во меѓувреме, во Еурофарм Пелистер дојдоа Марио Танкоски, Дејан Кукуловски, Матео Мараш и Јосип Периќ, а заминаа Остроушко, Јотиќ, Шевелев, Митревски, Петровски, Ратајец, додека се уште не е јасен статусот на Трајкоски, Кузманоски и Чурлевски.