Европската ракометна федерација, покрај одлуките за клупските натпреварувања, објави и уште неколку одлуки и за следните репрезентативни активности.
Во женска конкуренција следен голем настан е Европското првенство кон крајот на годинава во Норвешка и Данска, а само освојувачот на златен медал ќе добие директно место на следниот континентален собир.
Со оглед на тоа што следното ЕП во 2022 година се игра во три држави – Македонија, Црна Гора и Словенија, овие три земји имаат директен пласман, па ќе останат уште 12 слободни места за пополнување.
ЕХФ најави дека квалификациите ќе се одиграат во шест групи по четири репрезентации, а доколку има повеќе пријавени селекции од 24, ќе има и претквалификации.