Македонската репрезентативка Сара Ристовска и во следната година ќе го носи дресот на рускиот тим ЦСКА Москва.
Одличните игри во првата сезона во руската престолнина беа доволни за раководството да и понуди нова соработка, која беше прифатена од нашата ракометарка.
ЦСКА Москва е втор интернационален предизвик за Ристовска, која настапуваше и за словенечкиот Крим, а во Македонија ги носеше дресовите на Вардар и Металург.
Тимот на Ристовска обезбеди место во разигрувањето за титулата во Русија, а четвртфинален противник треба да биде Кубан Краснодар, но поради коронавирусот неизвесно е продолжението на рускиот шампионат.