По Мадс Менса Ларсен, Гедеон Гвардиола, Јаник Колбахер, како и тренерот Мартин Швалб, се појави уште еден играч што е заразен со коронавирусот во Рајн Некар Левен.
Станува збор за шведскиот репрезентативен голман Михаел Апелгрин, кој тоа го соопшти на својот Инстаграм профил на интересен начин.
Ова е петтиот позитивен случај во семејството на „лавовите“ од Рајн Некар, а низата веројатно ќе продолжи, со оглед на тоа што играчите долго време тренираа заедно.
Покрај ракометарите од Рајн Некар, има уште петмина позитивни од шпанската Малага, еден од францускиот Лимож, по еден тренер од Данска и Исланд, како и последните случаи на Бјарте Мирхол и Томас Могесен.