Ситуацијата со коронавирусот ескалира на Стариот континент, а едно од најголемите жаришта покрај Италија е Германија.
Раководството на Бундес лигата веќе ги суспендираше сите ракометни активности најмалку до 22 април, а го одложи и завршниот турнир во Купот.
Сепак како што се развива ситуацијата, многу е веројатно да заврши натпреварувањето уште пред да продолжи и да бидат прогласени шампионите и учесниците во европските купови.
„Здравиот разум вели да не играме повеќе ракомет оваа сезона. Најлогично решение е варијантата со завршувањето на сезоната и да почнеме со новата во септември“, велат од клубот Лајпциг, со кој се согласуваат и многу други клубови.
Во текот на утрешниот ден претставниците на клубовите од Бундес лигата ќе имаат состанок, па можеби ќе бидат познати повеќе детали околу продолжението на сезоната.