Во првенството на Србија се случи несекојдневна случка на ракометните терени. Милош Николиќ фудбалер на Тимок, ја запроси ракометрката на Бор, Јована Николиќ.
После натпреварот на Бор на кој настапи Јелена Николиќ и на кој беше прогласена за најдобар играч, требаше да ја прими наградата. Во тој момент Милош пријде со букет цвеќе и ја побара за сопруга.
Ова навистина беше неочекуван потег, а колку сите беа изненадени покажува фотографијата на која се гледа дека и соиграчите на Николиќ се баш пријатно изненадени.
Можеби за двајца спортисти ова е најдобриот начин на спортскиот терен да се обврзат на заеднички живот.