Конкуренцијата во женскиот клупски ракомет во Унгарија продолжува да се зголемува, покрај Ѓер и ФТЦ сезонава екипата на Шиофок е исто така конкурентна за висок пласман.
За да можат да се надеваат на титула во домашното првенство во Шиофок се активни на трансфер пазарот и подготвуваат уште поквалитетен тим за наредната сезона. Клубот ги објави најновите три засилувања за наредната сезона.
Холандската репрезентативка Лора Ван Дер Хејден која стана светска шампионка на Мундијалот во Јапонија ќе го напушти Битигхајм и ќе настапува за Шиофок. Силје Солберг заминува во Ѓер, а на нејзино место на голманската позиција пристигнува Дина Екерле исто така од Битигхајм.
Третото засилување по специјално барање на тренерот Бент Дал пристигнува од Франција, а тоа е Тамара Хорачек која во унгарскиот тим доаѓа од клубот Париз 92.
Дали ова ќе биде последната сезона на Ѓер на тронот во Унгарија останува да видиме, но сигурно е дека се потешко ќе биде да се освои шампионската титула.