Ракометарите на Еурофарм Пелистер по паузата од една седмица без тренинзи по натпреварот со Нексе Нашице од СЕХА, продолжија со подготовките за плеј-офот во македонската Суперлига.
До стартот на разигрувањето за титулата има уште три седмици, па битолчани ќе одиграат уште неколку пријателски средби во меѓувреме.
Еден од ривалите ќе биде грчкиот АЕК Атина, а пријателскиот натпревар со тимот од кој загубија во финалето на струшкиот турнир, ќе биде одигран на 8 март во Верија.
Битолчани загубија од Нексе во осминафиналето од СЕХА, па за нив остануваат битките само на македонските терени, во Суперлигата и во Купот на Македонија.