Плејмејкерот на словенечката репрезентација и ракометар на ПИК Сегед ќе остане уште долго да ги брани боите на вице-шампионот на Унгарија. Деан Бомбач го продолжи договорот со ПИК Сегед до 2024 година.
Одличните игри на Словенецот ги задоволуваат очекувањата на управата на клубот, па беше донесена одлука за продолжување на соработката. После продолжуањето на договорот задоволството го истакна и Бомбач.
„Мојот втор дом е Сегедин. Врвен спортист секогаш сонува да игра во ваков клуб. Она што е многу важно е што моето семејствот ужива тука, па и јас сум среќен што го обновив договорот. Со тимот имаме сериозни цели и сакам да придонесам да ги оствариме “, изјави Деан Бомбач.
Бомбач пристигна во ПИК Сегед во 2018 година по втор пат, а исто така беше член на унгарскиот тим од 2014 до 2016 година пред за замине во Келце. Претходно во кариерата има настапувано и за Копер, Динамо Минск и Екс Ан Прованс.