Манасков и Веспрем имаат 15 од 15

Екипата на Веспрем продолжува со победничкиот ритам, а новиот триумф дојде на дуелот против Орошази. Шампионот на Унгарија се избори за триумф од 33:22 што беше вкупно 15. победа во 15. меч сезонава.

Веспрем беше во предност од почетокот на средбата и во ниту еден момент не дозволи противникот да се доближи и да се закани за да може да дојде до подобар резултат.

На полувреме резултатот беше 17:6 и тука практично беше обезбедена победата така што во продолжение само се чуваше високата предност.

На овој натпревар Дејан Манасков беше меѓу поефикасните. Тој успеа да постигне три гола.