Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Ловро Јотиќ вчера не ги криеше пофалбите и за неговите соиграчи и за публиката во Битола, но дефинитивно е јасно дека сега ќе мораат тој и колегите да се насочат кон битката на домашна сцена односно во првенството и во Купот на Македонија.
Со оглед на ситуацијата во која се наоѓа тимот на Вардар интересно е да се види како ќе функционираат работите кога ќе почне играњето на средби во домашното првенство.
„Многу ми е жал за Вардар поради она што се случува особено за ракометот и за Македонија бидејќи навистина е срамота еден таков клуб кој освои две Лиги на шампиони да не знае дали ќе опстане. Се надевам дека ќе успее. Ќе се бориме и не сакам во туѓа несреќа да барам нешто. Навистина ми е жал“, изјави Јотиќ за 24 Ракомет.
Дефинитивно е јасно дека сезонава ќе биде максимално интересно на теренот така што Вардар ќе има голем ривал во тимот од Битола во трката за трофеите.