Капитенот на женската репрезентацијата на Македонија, Елена Ѓорѓиевска одигра одлична средба и беше меѓу најефикасните во Подравка во победата над Сињ од 40:31.
Ѓорѓиевска допринесе во победата со седум погодоци, па Подравка продолжи со одличните игри во домашното првенство.
Овој триумф овозможи Подравка да остане на првото место со максимални 30 поени така што досега после 15 кола никој не успеа да го совлада шампионот на Хрватска.
Добрите игри беа потврдени и во Купот на ЕХФ каде што Подравка веќе си обезбеди место во четврт-финалето, а таму ќе се соочи со тимот на Турингер каде што игра Јована Саздовска.