Тимот на Еурофарм Пелистер го очекува реванш натпреварот од осминафиналето во регионалната СЕХА лига против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.
Битолчани загубија до три гола разлика на првата средба, 23-20, па нема да имаат лесна задача да стигнат до четвртфиналето.
Хрватот Ловро Јотиќ ќе игра против тим од неговата земја.
„Ни следи тежок натпревар и имаме еден мал притисок заради тој пораз од три разлика. Мора да ја подобриме одбраната од Нашице, а во нападот мора да реагираме и да го заборавиме лошиот натпревар. Можеме да напредуваме во транзицијата, Нексе Нашице во Битола ќе почувствува атмосфера каква што не паметат. Со малку среќа и исполнување на советите на стручниот штаб, мислам дека можеме да се радуваме“, изјави Јотиќ.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:15 часот.