Некогашниот српски репрезентативец и член на Металург од златната генерација која играше во два наврати во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Дарко Станиќ, беше во македонската престолнина.
Станиќ, кој откако ја завши играчката кариера работи како државен секретар во Владата на Србија, во изминатите неколку денови престојуваше во Скопје.
Дали тоа беше само приватна посета на некогашниот голман или најава за камбек во македонскиот ракомет, останува да видиме.