Ракометарите на Вардар го одработија последниот тренинг пред заминувањето за Кил, каде што ги чека првиот натпревар од пролетниот дел на сезоната во Лигата на шампионите.
Избраниците на Стевче Алушовски загубија убедливо на првиот меѓусебен дуел во Скопје од „зебрите“, па сега ќе имаат тешка задача да го поправат впечатокот и да се изборат за позитивен резултат.
Порто си замина со полн плен од „Шпаркасен Арена“, Мотор Запорожје освои еден бод, додека Монпелје загуби со еден погодок, па нема зошто да не веруваме дека и Вардар може да слави кај Кил.