Екипата на Татран Прешов го совлада Спартак Москва со 31:23 на гостувањето и веќе има сигурен пласман во четврт-финалето од СЕХА лигата каде што ќе треба да се пресмета со составот на ППД Загреб.
Тимот од Словачка имаше одлична средба и сосема очекувано дојде до триумф. Во текот на сите 60 минути беше во предност. Домашните беа во резултатска игра до средината на првото полувреме кога почнаа да го губат чекорот и потоа предноста на Татран почна да се зголемува.
На крајот од првото полувреме Татран имаше 15:13, но потоа во второто полувреме квалитетот дојде до израз и веќе немаше проблеми за составот од Прешов кој до крајот одигра сигурно и дојде до победа од осум гола, 31:23 со што ќе има само формалност на реваншот.
Најефикасен на теренот беше Оливер Рабек со девет гола, додека шест постигна Мартин Страновски. Петпати реализираше Томас Рецицар. Во редовите на Спартак Москва со шест гола најефикасен беше Михаил Виноградов, додека четирипати погоди Алексеј Фокин.